Утрински Весник
Свет

Украина: За првпат откривме руска соба за мачење деца

Украина: За првпат откривме руска соба за мачење деца

Украинските истражители открија „соба за мачење“ во неодамна ослободениот град Херсон, каде што руските сили наводно држеле и малтретирале деца, изјави украински официјален претставник.

dobivaj vesti na viber

Руските сили ги држеле децата во, како што ги нарекоа, „детски ќелии“ и им давале многу малку вода и речиси воопшто храна, изјави шефот на украинската канцеларија за човекови права, Дмитро Лубинец, повикувајќи се на сведоштва на жителите на Херсон.

Според овие сведоштва, децата биле подложени на психичка тортура. Според сведоците, руските војници им рекле дека родителите ги оставиле и дека никогаш нема да се вратат дома.

14-годишно момче било фатено и подоцна мачено само затоа што фотографирало уништена руска опрема, тврди Лубинец.

„За прв пат снимивме мачење на деца. Мислев дека нема ништо полошо по Буча и Ирпин, но дното навистина беше достигнато во Херсон“, додаде тој.

„Гардијан“ наведува дека овие тврдења не се независно проверени, а руската страна се уште не ги коментирала. Новинарите на „Гардијан“ претходно посетија друга „соба за мачење“ во Херсон. Украинската страна тврди дека таму биле приведени десетици мажи кои биле тепани, мачени со електрошокови од руски војници, а некои од нив биле убиени.

Можете да прочитате

Патници скокаа од крилата на авион на “Рајанер” поради лажна тревога за пожар

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД