Утрински Весник
Свет

Украина води како исчезнати 55.000 нејзини граѓани

Ukraina.jpeg

Украина има имиња на 55.000 нејзини граѓани во регистарот на исчезнати лица, изјави денеска заменик-министерот за внатрешни работи Леонид Тимченко.

Во интервју за Укринформ, тој изјави дека тој регистар содржи имиња на лица кои исчезнале во војна, окупација или природни катастрофи и несреќи предизвикани од човечки фактор.

Оваа бројка укажува на хуманитарните последици од сеопфатната војна што Русија ја води против Украина, која предизвика депортации, киднапирања, како и голем број смртни случаи меѓу припадниците на војската и цивилите, пишува весникот Киев Индипендент.

Можете да прочитате

Трамп побара од Данска да се повлече од Гренланд

Само 17 отсто од Американците ги поддржуваат напорите на Трамп да го добие Гренланд

Иран заплени десетици „Старлинк“ антени