Утрински Весник
Свет

Украина спречила влез на руска воена група од Белорусија

Украина спречила влез на руска воена група од Белорусија

Украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко соопшти дека Украина спречила обид на руска диверзантска група да ја премине нејзината северна граница во текот на ноќта.

dobivaj vesti na viber

„Синоќа во регионот Черниговски граничари го спречија обидот на непријателска диверзантско-извидувачка група да ја премине државната граница на Украина во населбата Семенивка“, објави тој на „Телеграм“.

„Граничарите на втората гранична пункта забележале четири вооружени лица со помош на термичка слика“, рече командантот на вооружените украински сили Серхи Наев.

Според Наев, украинските војници отвориле оган врз руската единица и ја принудиле да се повлече. Тој тврди дека по објавувањето на алармот пристигнало засилување во вид на дополнителни граничари и војници.

„Благодарение на вештите акции на одбранбените сили, непријателот повторно претрпе загуби и не ја постигна целта“, рече тој.

Населбите во близина на границата се предмет на редовни руски напади. Наев претходно пријавил за неуспешен обид на руски диверзантски групи да ја преминат границата на Черниговската област на 21 јули, пишува „Киев Индипендент“.

Можете да прочитате

Во Велика Британија почна судски процес против тројца Бугари обвинети за шпионажа за Русија

Колумбија заплени рекордни 225 тони кокаин

Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд