Утрински Весник
Свет

Украина: Русите убија шест цивили при гранатирање на град

Украина: Русите убија шест цивили при гранатирање на град

Во руското гранатирање на градот Костијантинивка во источна Украина во неделата наутро загинаа шест цивили, а уште осум беа ранети, изјави висок украински функционер.

dobivaj vesti na viber

Градот Костјантинивка, дом на околу 70.000 луѓе пред војната, се наоѓа на 20 километри западно од Бахмут, центарот на борбите што траат најмалку осум месеци додека руските сили се обидуваат да го заземат градот, пренесе „Ројтерс“.

„Русите силно го гранатираа градот Костијантивка“, рече Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тврди дека во гранатирањето биле оштетени 16 станбени згради, осум приватни куќи, детска градинка и една управна зграда.

Јермак прикачи и фотографии на кои се гледаат делумно уништени згради и кратери од експлозиите.

„Ројтерс“ не можеше да ја потврди автентичноста на фотографиите или бројот на жртви од независни извори.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници