Утрински Весник
Свет

Украина повика на ликвидација на фабриките за дронови во Иран

Украина повика на ликвидација на фабриките за дронови во Иран

Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, денеска повика на „ликвидација“ на иранските капацитети за производство на беспилотни летала што Русија ги користи во војната против Украина.

dobivaj vesti na viber

Советникот на Зеленски на Твитер објави дека Иран „арогантно ја понижува институцијата меѓународни санкции и планира да го зголеми снабдувањето на Русија со дронови и ракети“.

„Важно е да се напушти идејата за санкции и резолуции на ОН кои не функционираат и да се премине кон подеструктивни алатки – ликвидација на погони и апсење на добавувачи“, најави Подољак.

Можете да прочитате

Даунинг стрит: Трамп погреши што ја омаловажи улогата на војниците во Авганистан

Агентот на ICE ја застрелал Рене Гуд три пати, третиот истрел бил фатален

Копенхаген ги стави трупите на Гренланд во борбена готовност поради можен напад од САД