Утрински Весник
Свет

Украина ноќеска соборила 30 дрона, Русија неутрализирала 25, запалена е рафинерија во Самарскиот регион

20251228115401 big 730x400 93.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Украински беспилотни летала во текот на ноќта го нападнале и оштетиле комплексот за преработка на нафта Сизран во рускиот Самарски регион, а според извештаите на локалните медиуми, погодени се и две електрани, што предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија и централно греење.

Жителите на Сизран пријавија експлозии и пожар во областа на рафинеријата, додека фотографии и видеа од пламенот беа објавени на социјалните мрежи, објавува украинскиот јавен сервис Суспилна.

Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта се извршени напади со беспилотни летала во регионите Белогород, Курск, Саратов, Волгоград и Ростов, а руската воздушна одбрана наводно соборила 25 беспилотни летала, од кои 12 биле над регионот Самара.

Од друга страна, Украинските сили за воздушна одбрана на каналот Телеграм наведоа дека во текот на изминатата ноќ неутрализирале 30 од вкупно 48 беспилотни летала што Русија ги користела за напад врз земјата, пренесе агенцијата Укринформ.

Воздушниот напад наводно бил одбиен од силите за воздушна одбрана, силите за електронско војување, беспилотните системи и мобилните противпожарни групи на украинските вооружени сили.

Укринформ, исто така, известува дека во текот на изминатиот ден во Херсонската област, руските сили нападнале критична и јавна инфраструктура и станбени области, при што биле повредени четири лица.

Можете да прочитате

Парализиран воздушниот сообраќај во Москва од нападите на украински  дронови, откажани 300 летови

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула