Утрински Весник
Спорт

Украина нема да ги бојкотира квалификациите за Евро 2024 и ќе гостува во Скопје во јуни

Украина нема да ги бојкотира квалификациите за Евро 2024 и ќе гостува во Скопје во јуни

Министерството за млади и спорт на Украина на 14 април им забрани на спортистите и на националните тимови да учествуваат во натпреварувања во кои учествуваат спортисти или селекции на Русија и Белорусија. Тоа беше опасност Украина да го бојкотира квалификацискиот циклус за ЕВРО 2024 година, а во групата со Украина е и Македонија.

dobivaj vesti na viber

Сепак, Матвеј Бедниј, заменик-министерот за млади и спорт на Украина, изјави дека земјата не го разгледува прашањето за забрана за учество на фудбалската репрезентација во квалификациите за Европското првенство 2024 година.

„Досега не сме разговарале за учеството на Белорусија во квалификациите и за наше бојкотирање на квалификациите за Европското првенство во 2024 година, изјави Бедниј.

Фудбалската репрезентација на Украина на 16 јуни ќе гостува во Скопје на дуел против Македонија.

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026