Украина, пред Европската унија во петокот објави дека постигнала договор за продолжување на транзитот на украинското жито низ петте земји на ЕУ кои воведоа ограничуваа.
Европската комисија во петокот објави дека постигнала начелен договор кој ќе овозможува продолжување на транзитот на украинското жито низ петте земји членки на Европската комисија кои воведоа ограничувања. Бугарија, Полска, Романија, Словачка и Унгарија, воведоа мерки наведувајќи ја загриженоста дека житото од Украина наменето за извоз во трети земји завршило на нивните пазари, што ги урна цените и предизвика протести на тамошните земјоделци.
Украинското министерство за надворешни работи соопшти во саботата дека на полскиот амбасадор и на канцеларијата на ЕУ во Киев им упатило допис во кој изразува разочарување поради таквата ситуација, со оцена дека ограничувањето на извозот на житарките „категорички е неприфатливо“.
Портпаролот на украинската дипломатија, Олег Николенко, во саботата за Reuters потврдил дека дописот бил испратен пред објавата на Европската комисија за постигнатиот договор. На прашањето дали објавата на ЕК воопшто го менува ставот на министерството, рекол дека „извозот на сите украински стоки и добра мора да се одвива непречено“.
„Постојат полни правни основи веднаш да продолжи извозот на украинските земјоделски производи во Полска, Романија, Унгарија, Словачка и Бугарија, како и да продолжи непречениот извоз во другите членки на ЕУ“, се наведува во соопштението на министерството.
Потпретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровкис на Твитер во петокот објави дека ЕК вклучува „заштитни мерки“ за четири производи: пченица, пченка, семки од маслодајна репка и сончоглед. Договорот, исто така, вклучува пакет поддршка во износ од 100 милиони евра, за локалните земјоделци, додаде Домбровкис.