Утрински Весник
Свет

Украина и Португалија договорија заедничко производство на дронови, Монтенегро во посета на Киев

Dron Vojnik.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Украина и Португалија денеска постигнаа договор за заедничко производство на морски дронови, изјави советникот на украинскиот претседател Олександар Камишин, додека португалскиот премиер Луис Монтенегро е во посета на Украина со порака дека на земјата ѝ е неопходна финансиска помош и дека таа потреба не смее да биде занемарена.

– Докажавме дека нашите беспилотни површински бродови (USV) совршено функционираат против руските воени бродови и подморници. Сега ќе и помогнат на Португалија во одбраната на Европа од море – напиша Камишин на Х.

Португалскиот премиер Луис Монтенегро денеска е во официјална посета на Украина, каде што се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а двајцата лидери оддадоа почит на загинатите украински војници на Михаиловскиот плоштад во Киев, соопшти Укринформ.

– Вечна слава на сите наши војници, на секој Украинец кој го даде својот живот за да може Украина да живее – напиша Зеленски на Телеграм.

Монтенегро пред новинарите на киевската железничка станица изјави дека на Украина ѝ е неопходна финансиска помош и оти таа потреба не смее да биде занемарена.

– Повеќе од која било друга земја, на Украина ѝ е потребна нашата солидарност и блискост, како и нашата посветеност. Токму тоа го носиме – рече португалскиот премиер.

Тој додаде дека Португалија ја поддржува Украина преку бројни програми, од хуманитарни и социјални иницијативи до воена и политичка помош, како и преку зајакнување на врските меѓу двете земји и нивните заедници.

Ова е прва посета на Монтенегро на Украина од почетокот на руската инвазија, а со него во Киев допатува и министерот за одбрана на Португалија Нуну Мело.

За време на престојот во Киев, португалскиот премиер планира и средби со украинската премиерка Јулија Свириденко и претседателот на украинскиот парламент – Врховната рада Руслан Стефанчук.

Можете да прочитате

Во Иран уште една егзекуција на обвинет за шпионажа во корист на Израел

Зеленски: Заврши првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација во САД

Лавров: Русија им помага на африканските земји да ја зајакнат својата безбедност