Утрински Весник
Свет

Украина ги повика жителите на Крим: Оддалечете се од воените објекти

Украина ги повика жителите на Крим: Оддалечете се од воените објекти
Dik 300x250 mk

Украинската воена разузнавачка служба ги повика жителите на Крим да се држат настрана од воените постројки, откако напад со беспилотно летало предизвика огромен пожар во складиште за гориво во градот Севастопол на Крим.

dobivaj vesti na viber

Андриј Јусов, портпарол на украинската воена разузнавачка служба, не изјави дека Украина извршила напад со беспилотно летало врз руско складиште за гориво на Крим, но рече дека пожарот во Севастопол е „Божја казна, особено за цивилите убиени во Уман“.

Јусов мислеше на неодамнешниот руски ракетен напад врз деветкатна станбена зграда во украинскиот град Уман, во кој загинаа најмалку 23 цивили. „Казната ќе биде долготрајна“, рече тој во интервју за украинските медиуми објавено денеска.

„Ги советуваме сите жители на привремено окупираниот Крим да не престојуваат во близина на воени објекти или објекти што ги користи армијата на агресорот во блиска иднина“, додаде портпаролот на военото разузнавање.

Јусов тврдеше дека во пожарот на Крим се уништени повеќе од 10 резервоари со гориво со капацитет од 40.000 тони. Според него, станува збор за гориво наменето за руската Црноморска флота.

Можете да прочитате

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Орбан предизборно ќе исплати 14-та пензија