Утрински Весник
Свет

Украина денеска го покренува прашањето за членството на Русија во Советот за безбедност на ОН

Украина денеска го покренува прашањето за членството на Русија во Советот за безбедност на ОН

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави дека денеска Украина официјално во ОН ќе го постави прашањето за исклучувањето на Русија од Советот за безбедност на ОН.

dobivaj vesti na viber

– Нашето прашање е многу едноставно: дали Русија има право да остане постојана членка на Советот за безбедност на ОН и воопшто да биде во Обединетите нации? Имаме убедлив и аргументиран одговор – не, рече Кулеба, пренесува Интерфакс Украина.

Кулеба изрази уверување дека, како што рече, по поразот на Русија во војната што ја започна, прашањето за нејзината иднина повеќе нема да биде табу тема за светската дипломатија.

Можете да прочитате

Трамп изјави дека сака трајно да ја запре миграцијата од посиромашните земји во САД

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки