Утрински Весник
Свет

Украина ја обвинува Русија дека погубила повредени заробеници во Авдеевка

20240219091526 Big 730x400 36.webp.webp

Украинските власти денеска соопштија дека отвориле истрага за наводен инцидент во кој руските сили застрелале шест невооружени украински војници во градот Авдеевка и уште двајца украински војници во селото Веселе во истиот регион, откако Русија целосно ја презеде контролата врз градот.

–  Истрагата за пукањето на невооружените украински воени затвореници во Авдеевка и Веселе е започната, соопшти обвинителството во областа Доњецк во објава на Телеграм.

Портпаролот на украинската армија Дмитро Лиховиј изјави дека сè уште нема потврда дали украинските војници се убиени во Авдиеевка.

Обвинителството во Доњецк соопшти дека на видео снимено од беспилотно летало се гледа како руски војник пука од автоматско оружје кон двајца заробени украински војници од непосредна близина во близина на селото Веселе во областа Запорожје.

Украинската армија претходно денеска сподели видео на официјалниот канал Телеграм, кое било снимено со дрон, на кое се гледа како во тесен ров лице опишано како руски офицер им приоѓа на две униформирани лица, кои се идентификувани како Украинци, а потоа пука во нив.

Лицата кои украинската армија ги идентификува како нејзини припадници, не се обиделе да се одбранат. Русија претходно ги негираше тврдењата на Киев за убиство на заробени украински војници.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков