
Властите во Русија тврдат дека Украина синоќа се обидела да ја нападне претседателската резиденција на Владимир Путин смесетена во северна Русија, во Новгородската област.
Кремљ тврди дека се случил масовен налет од 91 беспилотно летало со долг дострел. Според изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, сите дронови биле соборени од противвоздушната одбрана и, како што рече, немало ниту повредени ниту материјална штета.
Киев веднаш ја отфрли верзијата на Москва. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека станува збор за лага и дека руската страна „подготвува терен“ за напади врз владини објекти во Киев, оценувајќи дека ваквите обвинувања се обид да се поткопаат мировните разговори.
Но, руските власти не се убедени во тврдењата на Киев и најавија соодветен одговор.
„Ќе има одговор на ова“, рече портпаролката на руското МНР Марија Захарова на националната телевизија.
Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев отиде чекор подалеку велејќи дека „Зеленски сега ќе треба да се крие до крајот на животот“ додавајќи и неколку навреди кон Зеленски.



