Утрински Весник
Свет

Украина: 11 инфраструктурни објекти оштетени во руските напади во Киев

Украина: 11 инфраструктурни објекти оштетени во руските напади во Киев

Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави дека 11 инфраструктурни објекти во осум региони во главниот град Киев биле оштетени од руските ракетни напади во понеделникот.

dobivaj vesti na viber

„Според ситуацијата во 11 часот, оштетени се 11 важни инфраструктурни објекти во осум региони и градот Киев“, објави Шмигал на „Телеграм“.

„Сега некои области се отсечени, потребно е да се подготвиме за привремени прекини на струјата, водоснабдувањето и комуникациите.

Можете да прочитате

Средбата на Виткоф со Путин во Москва трае веќе три часа

Папата Лав ги повика САД да не се обидуваат со воена сила да го соборат Мадуро

Германија ќе увезува гас од Аргентина