Утрински Весник
Македонија

Укината забраната за камиони на Плетвар

Sneg 1.jpg

Од 11:20 часот укината е забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот превој Плетвар, информира АМСМ.

Од 11:00 часот е нормализиран и сообраќајот на регионалниот пат 1102, Гевгелија-Богданци, кој беше во прекин во двата правца поради излизгана машина за чистење на снег.


Од АМСМ соопштија и дека од 08:00 часот сообраќајот е во целосен прекин на патниот правец Крушево – с.Пуста река, поради големи наноси на снег на коловозот.

Можете да прочитате

Беџети: СМС-пораките од Собранието само на македонски јазик, албанскиот јазик не е декор

Уапсени двајца насилници, претепале 52-годишник од Охрид и му украле пари и накит

Кривична пријава за демнење во Тетово: 27-годишник следел и снимал девојка