Утрински Весник
Македонија

Укинат притворот за ексдиректорите на Пазарна, мерки и за синот на газдата на „Пулс“ откако го пуштија од болница

Puls.webp.webp

Ексдиректорите на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски-Штраус и Анета Симеска-Димоска се ослободени од куќен притвор. За нив има нова мерка – одземени пасоши. Двајцата се осомничени во предметот за дискотеката „Пулс“, во Кочани. Според сомненијата тие со нивните дејствија овозможиле дискотеката да работи без да ги исполнува сите услови. Бивниот ефективен притвор, првично беше заменет со куќен, а сега по одлука на судот во Кочани, а по предлог на Обвинителството е укинат и куќниот.

Трајковски денеска објави фотографии од црквата св. Петка.


„На денот на жртвата, со мисла за духовното и човечкото. Велики Петок не е само симбол на тишина и тага – туку и на длабока вера, истрајност и надеж. Во денови кога премолчени битки се водат и во тишина, вреди да се потсетиме дека само преку смирение, искреност и добрина можеме да изградиме подобро општество. Во пресрет на најголемиот христијански празник, на сите граѓани им посакувам мир, сила и благослов во домовите. Со добри дела и чиста намера се гради држава“, напиша Трајковски на „Фејсбук“.

По излегувањето од болничко лекување, мерки за претпазливост доби и синот на Дејан Јованов – Деко кој е газда на дискотеката „Пулс“ по чиј пожар загинаа 62 лица, а 197 беа повредени.

Во ефективен притвор останува екс министерот за економија Крешник Бектеши. Неговите претходници Ваљон Сарачини и Беким Незири остануваат во домашен притвор. За амбасадорот Дритон Кучи кој исто така раководеше со ова министерство изречена е мерка на претпазливост. Во куќен притвор се и поранешните градоначалници на Кочани, Љупчо Папазов, Ратко Димитриевски и Николчо Илиев.

Можете да прочитате

Тошковски: Апсењето во Струмица било филмско, планирале дрогата да ја изнесат од Македонија

Сиљановска-Давкова се сретна со Санчез, разговараа за македонската евроинтеграција и зголемувањето на економската соработка

КАМ соопшти дека на сите вработени за 2025 ќе им исплати рекорден К-15