Фудбалскиот клуб Њукасл преговара со Интер околу евентуалниот трансфер на Николо Барела. За репрезентативецот на Италија, „страчките“ понудиле 58 милиони евра.
Како што пренесува „Скај спорт“, англискиот клуб се надева дека наскоро ќе боде реализиран трансферот на 26. годишниот италијански фудбалер.
Тоа може да биде еден од најголемите трансфери во историјата на Њукасл, кој минатото лето на Реал Сосиедад му плати рекордни 70 милиони евра за Александар Исак.
Барела беше еден од најдобрите играчи на Интер, кој оваа сезона стигна до финалето на Лигата на шампионите, во кое загуби со 0:1 од Манчестер сити.
Во сезоната која штотуку заврши, Њукасл го освои четвртото место на табелата во Премиер лигата и се пласираше во Лигата на шампионите.
Црно-белите се заинтересирани и за Џејмс Медисон од Лестер, чиј договор истекува за една година