Утрински Весник
Спорт

Њукасл подготви 50 милиони евра за Рафиња

Њукасл подготви 50 милиони евра за Рафиња

Англискиот премиерлигаш Њукасл не се откажува од идејата да го доведе крилниот напаѓач на Барселона, Рафиња, во своите редови. Бразилецот и минатото лето беше желба на најбогатиот клун, но избра да замине на „Камп Ноу“.

dobivaj vesti na viber

Сепак, играчот таму нема статус на стандарден првотимец во плановите на Чави и се вели дека Каталонците се подготвени да ги слушнат сите понуди за него.

Њукасл има прилично силна сезона, стигна до финалето на Карабао Купот и има реални шанси да заврши на позициите во Топ 4 што би донеле пласман во ЛШ. Сепак, менаџерот Еди Хау веќе призна дека ќе бидат потребни повеќе инвестиции доколку шефовите сакаат клубот да продолжи да расте.

Њукасл се надева дека ќе може да го донесе Рафиња на „Сент Џејмс Парк“, откако подготви 50 милиони евра.

Од друга страна, Барселона треба да собере близу 200 милиони евра од летна продажба пред да може да донесе нови засилувања на „Камп Ноу“, па можеби ќе одлучи да го жртвува Рафиња.

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ