Утрински Весник
Спорт

Њукасл по Сити оди на Манчестер јунајтед

Њукасл по Сити оди на Манчестер јунајтед

Ждрепката ги спои Манчестер јунајтед и Њукасл, финалистите од минатата сезона, во осминафиналето, во англискиот Лига куп. Во оваа фаза, интересна ќе биде и пресметката на ривалите од Лондон, Вест Хем и Арсенал.

dobivaj vesti na viber

Манчестер јунајтед, во февруари, го победи Њукасл со 2:0 во финалето на Лига купот на „Вембли“.

Њукасл синоќа го победи Манчестер сити со 1:0 во 1/16 финалето од Лига купот, додека Манчестер јунајтед пред два дена го елиминираше Кристал Палас со 3:0.

Осминафинални двојки:

М. Јунајтед – Њукасл
Менсфилд – Порт Вејл
Ипсвич – Фулам
Борнмут – Ливерпул
Челзи – Блекбурн
Вест Хем – Арсенал
Евертон – Барнли
Ексетер – Мидлсброу

Натпреварите од осминафиналето во Лига купот ќе се одиграат на 30 октомври.

Foto/ EPA

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024