Утрински Весник
Македонија

УХМР: Сончево и многу топло

УХМР: Сончево и многу топло

Времето денеска сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. UV=10, извести УХМР.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје претежно сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот во поголем дел од земјава ќе има многу висока вредност 10, велат од УХМР.

Можете да прочитате

Гордост на Македонија: Тина Русева донесе европска победа дома

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност

Поради магла намалена видливоста на повеќе патишта