Утрински Весник
Македонија

УХМР најавува пообилни врнежи, особено во текот на ноќта и локално услови за невреме со силен ветер

Vreme Veter Vetrovioto.jpg

УХМР предупредува дека денеска наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа), особено во текот на ноќта. Локално ќе има услови за невреме со силен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре во попладневните часови и во четврток врнежите ќе бидат со послаб интензитет. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат.

Според УХМР, во Скопје следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец

Можете да прочитате

Пратениците на СДСМ поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

Жена измамена за 5.000 евра – и ветиле дека ќе и извадат македонско државјанство и документи за неа и сестрите

Македонија има повеќе обвинители од ЕУ земји како Германија, Франција, Италија, Белгија и Финска, а во регионот од Албанија и Грција