Утрински Весник
Македонија

УХМР најавува освежување, но и предупреди на опасност

Bukurest nevreme 3.jpg

Изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме ќе има денеска попладне, во текот на ноќта и утре претпладне, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Според прогнозата на УХМР, до четврток и особено тој ден ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.


Повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи ќе има и во Скопје во текот на ноќта и утре претпладне.

-Нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде и во четврток, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме – соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

УХМР укажува на поголема внимателност при грмотевици и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Можете да прочитате

Алармантно кај Злеово, пожарот стигна над куќите во селото

Македонецот кој спречи терористички напад во авион: „Реагирав инстинктивно“

Ангелов: Повеќето пожари во Македонија се намерно подметнати