
Обилни врнежи од дожд и високи дневни температури не очекуваат идната недела, велат од УХМР. Под влијание на циклонска активност во текот на ноќва и утре ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни над 30 литри на квадратен метар, проследени со ретки грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд.
Во Скопје почнувајќи од утринските часови ќе има повремени врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе се движат до 11, а минималните до 9 Целзиусови степени.
Во вторник претпладне во источните делови од земјата ќе има слаби врнежи од дожд во пониските и дожд и снег на повисоките места и на планините. Попладне времето ќе се стабилизира, а во среда кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Температурите ќе се движат до 13 степени.


