
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска предупредија на потенцијална опасност од поплави и излевање на реки во јужните и југoисточните делови на земјата поради циклонска активност. Обилни врнежи се најавуваат за утре, а тоа може да предизвика зголемен водостој на реките и суводолиците.
Според прогнозата, висок водостој се очекува во сливовите на реките Струмица, Анска, Вардар (долен дел), како и помалите реки и суводолиците во регионот на Гевгелиско-Валандово, Дојран, Битолскиот дел од сливот на Црна и Охридско-Преспанскиот регион.
УХМР апелира на внимателно движење покрај реките и суводолиците, бидејќи на некои места локално е можно излевање. За утрешниот ден е издадено „жолто“ ниво на предупредување за поплави, поради ризик од активирање на помалите реки и суводолиците.

