Утрински Весник
Македонија

УХМР: Денеска температури до 15 степени, од викендот дожд и снег

Britanija Sneg 780x470 1.png

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. По котлините во поголем дел од денот ќе биде тивко со појава на магла или ниска облачност Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 6 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде претежно облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени Целзиусови.


Според најавите од Управат за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре кон крајот на денот и во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер, во сабота врнежите постепено ќе преминуваат во снег и во повисоките, а во недела и во пониските места. Локално се очекуваат пообилни врнежи.

Можете да прочитате

(Видео) Провокација на албанските навивачи, Дебар бил албански град

Куќа изгоре во Пелинце, избегната е поголема катастрофа

Порака од „Маршот за ангелите“ кон Мицкоски и Давкова: Нели ви е срам? Имате ли деца?