Утрински Весник
Економија

Угостителските услуги во август поскапи за 5,1 процент

Restoran.jpg

Цените на угостителските услуги во август во однос на јули годинава се зголемени за 0,2 отсто, а споредено со август минатата година за 5,1 отсто.

Државниот завод за статистика денеска објави дека споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата храна за 0,3 отсто, алкохолни пијалаци зa 0,3 отсто и ноќевања за 0,1  отсто.

– Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5,5  проценти, додека во однос на декември 2023 година е зголемен за 2,6  проценти, информира ДЗС.

Можете да прочитате

НБРМ има целосна одговорност да ги испита сите ризици за влез на Алта Банка во Македонија

Јовановиќ: ЕЦБ води истрага против Алта Банка, таа банка може да ја наруши финансиската стабилност во земјата

Голем интерес за субвенции за инвертер клима-уреди – рокот за аплицирање до 5 октомври