Утрински Весник
Спорт

Југословенот Горан Драгиќ

Југословенот Горан Драгиќ

Горан Драгиќ, кошаркарот на Чикаго Булс, го привлече вниманието на јавноста во регионот со гестот пред натпреварот во кој неговиот тим Чикаго Булс, беше убедливо поразен од Кливленд Кавалирс (128:96).
Играчите од овие простори бележат одлични партии во НБА лигата во последните сезони, покрај Драгиќ, тука се и асовите како Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Бојан и Богдан Богдановиќ, Никола Вучевиќ, поради што со причина се поставува прашањето како би изгледала селекцијата на некогашната заедничка држава.

dobivaj vesti na viber

Искусниот плејмејкер повторно ја разгоре оваа дебата, со објава на социјалните мрежи.

На натпреварот против Кавалирс, Драгиќ дојде во дуксер со натпис „Југославија“.
Дополнително, тој во описот додаде „Ќе бидеме светски шампиони“, алудирајќи на познатиот српски филм снимен во 2015 година во режија на Дарко Бајиќ.

Филмот ги следи достигнувањата на пионерите на кошарката во овој регион, а централен настан е финалето на Светското првенство одржано во 1970 година во Љубљана. Драгиќ го спомна и познатиот ас Иво Данеу, еден од актерите на тој натпревар и човекот кој стигна до златото на кошаркарскиот Мундијал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Dragic (@the_1_dragon)

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари