Утрински Весник
Спорт

УЕФА на средба со главните поддржувачи на Суперлигата

УЕФА на средба со главните поддржувачи на Суперлигата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, ја имаше првата средба со претставниците на компанијата „А22 спортс“, која ја поддржува идејата за Европската суперлига (ЕСЛ), на состанок во седиштето на УЕФА во Нион и повторно ја отфрли идејата за формирање паралелна лига на Лигата на шампионите.

dobivaj vesti na viber

На состанокот, покрај Чеферин, присуствуваше и претседателот на Европската асоцијација на клубовите (ЕЦА) и на Пари Сен-Жермен, Насер ал-Хелаифи, а од „А22 спортс“ присутни беа генералниот директор, Бернд Рајхарт, како и основачите Анас Лаграри и Џон Хан.

„Со заедничка цел за обединет европски фудбал, УЕФА и претставниците на клубовите уште еднаш едногласно ја отфрлија идедјата за проектот на ЕСЛ. Учесниците на разговорите со изненадување реагираа на тврдењето на директорот на ‘А22 спортс’ дека не ги претставуваат трите клуба што отворено го поддржуваат проектот“, се вели во објавата на УЕФА.

Реал Мадрид, Барселона и Јувентус остануваат посветени на проектот што беше промовиран минатиот април и од кој експресно се повлекоа англиските клубови Тотенхем, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Челси, како и Интер и Милан и Атлетико Мадрид.

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата