Утрински Весник
Спорт

УЕФА казни осум клуба за финансискиот ферплеј – ПСЖ должи најмногу

Барди со Трабзон против Звезда, Монако и Ференцварош

Бордот за финансиска контрола на УЕФА ги казни Милан, Интер, Рома, Јувентус, Пари Сен-Жермен, Монако, Олимпик Марсеј и Бешикташ за прекршување на финансискиот ферплеј во периодот од 2018 до 2022 година.

dobivaj vesti na viber

Вкупната казна која осумте клуба треба да ја платат е фантастични 172 милиони евра, кои ќе бидат одземани од паричните награди кои УЕФА ги доделува од своите европски натпреварувања. И покрај тоа што сумата е висока, клубовите ќе платат 15 отсто (26 милиони евра), додека преостанатите 85 отсто (146 милиони евра) се условни и ќе се реализираат ако клубовите не ги исполнат целите кои ги договорија со УЕФА.

Пари Сен-Жермен се казнети најмногу, дури 65 милиони евра, по што следуват Рома (35 милиони евра), Интер (26 милиони евра), Јувентус (23 милиони евра) и Милан (15 милиони евра).

Од друга страна, англиските клубови Челси, Манчестер сити, Вест хем и Лестер и покрај прекршувањата на ФФП избегнаа казна поради „исклучителната ситуација со КОВИД и добрите историски финансиски резултати“.

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027