Утрински Весник
Спорт

УЕФА го повлече распоредот, денеска ќе биде објавена конечна верзија

УЕФА го повлече распоредот, денеска ќе биде објавена конечна верзија

УЕФА го повлече распоредот за квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство во Германија. Објавениот документ наводно бил повлечен поради техничка грешка. Како што е најавено, в понеделник наутро ќе биде објавен конечниот распоред на квалификацискиот пат за ЕП 2024 година.

dobivaj vesti na viber

УЕФА објасни дека се работи за техничка грешка и ги извести претставниците на фудбалските сојузи дека брзо ќе имаат комплетна програма од квалификацискиот циклус, од март до ноември следната година.

Според верзијата објавена непосредно по ждрепката, Македонија квалификациите требаше да ги почне против Малта на 23 март 2023 година, а да ги заврши на во ноември против Англија во Скопје.

Според првичниот распоред, македонските фудбалери требаа да бидат слободни во второто и осмото коло.

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026