Утрински Весник
Спорт

УЕФА ги казни АЗ Алкмар и Аполон

УЕФА ги казни АЗ Алкмар и Аполон

Европската фудбалска унија (УЕФА) ги казни холандскиот АЗ Алкмар и кипарскиот Аполон поради однесувањето на навивачите.

dobivaj vesti na viber

Клубот од Алкмар е казнет со 50.000 евра и делумно затворање на стадионот, поради фрлање предмети на теренот на мечот со Жил Висенте.

Инцидентите се случија на 18. август во првиот натпревар од плеј-офот за пласман во Конференциската лига.

АЗ ги доби двата меча против Жил Висенте и се пласираше во групната фаза.

Холандскиот клуб делумно ќе ги затвори трибините на 15. септември, во натпреварот од второто коло од групата Е, од Конференциската лига против Вадуц.

Со делумно затворање на стадионот е казнет и кипарскиот Аполон од Лимасол, поради пиротехнички средства и фрлање предмети на натпреварот од квалификациите за Лига Европа против Олимпијакос.

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал