Утрински Весник
Спорт

УЕФА: Финалето на ЛШ ќе се одржи во Истанбул

УЕФА: Финалето на ЛШ ќе се одржи во Истанбул

Финалниот натпревар од Лигата на шампионите ќе се одигра според планираното, на 10 јуни во Истанбул, соопшти УЕФА. На овој начин УЕФА ги демнатираше информациите дека е можно финалето да се премести во Лисабон.

dobivaj vesti na viber

Претпладнево, „Дејли мејл“ објави, а потоа голем број медиуми ја презедоа информацијата, дека УЕФА е загрижена дека се можни граѓански немири во Истанбул, бидејќи вториот круг од претседателските избори е закажан за 28 мај.

„Финалето на Лигата на шампионите во 2023 година треба да се одржи во Истанбул, како што беше претходно најавено на 10 јуни. Околу ова прашање немаме дополнителни“, се вели во официјалното соопштение на УЕФА.

Во финалето на 10 јуни ќе играат победниците од полуфиналните натпревари Реал-Манчестер сити и Милан-Интер. Засега најблиску до финалето е Интер, кој во првиот меч како гостин славеше против Милан со 2:0.

Првиот меч помеѓу бранителот на трофејот, Реал и Манчестер сити, заврши со резултат 1:1.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ