Утрински Весник
Магазин

Џуди Денч: „Круната“ користи груб сензационализам

Џуди Денч: „Круната“ користи груб сензационализам

Британската актерка Џуди Денч го повика „Нетфликс“ да додаде „дeклaјмер“ (изјава со која одрекува одговорност) во кралската драма „Круната“ придружувајќи им се на хорот гласови што ја критикуваат измислената приказна на серијата.

dobivaj vesti na viber

Во писмо до „Тајмс“ во четвртокот 87-годишната ветеранка вели „колку повеќе наградуваната серија се приближува кон сегашното време толку послободно ја замаглува границата помеѓу историската точност и грубиот сензационализам“.

„Иако многумина ќе ја препознаат „Круната“  како брилијантен, но измислен приказ на настани, се плашам дека значителен број гледачи, особено во странство, може да ја сфатат нејзината верзија на историјата како целосно вистинита“, напиша Денч.

Денч ги портретира кралиците Елизабета Прва и кралицата Викторија на екранот, како и шефицата на Џејмс Бонд, М.

„Нетфликс“ вели дека „Круната“, која го следи владеењето на покојната кралица Елизабета Втора во текот на децениите, е фиктивна драматизација инспирирана од вистински настани.

Петтата сезона, во која новата актерска екипа ќе го прикаже кралското семејство во 90-тите, премиерно ќе биде прикажана на 9 ноември, два месеца откако кралот Чарлс се искачи на тронот.

„Никој не верува повеќе во уметничката слобода од мене, но ова не може да помине неоспорено… креаторите на програмата се спротивставија на сите повици да стават изјава со одрекување од одговорност на почетокот на секоја епизода“, напиша Денч.

„Дојде време ‘Нетфликс’ да се преиспита – за доброто на кралското семејство и за нацијата што неодамна беше во жалост како знак на почит кон суверенот, која толку совесно му служела на својот народ 70 години, и да го зачува својот углед во очите на британски претплатници“.

Можете да прочитате

И оваа година ќе имаме зимско сметање на времето – еве кога ќе треба да ги поместите стрелките на часовникот

Вкусен и здрав ручек за само 10 минути: Брз рецепт за сочни тиквички со сирење

Децата имаат чудни и (не)вообичаени навики