Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Удар од гром може да биде оправдана причини за доцнење на авион, оцени Судот на правдата на ЕУ 

Sud na pravda na eu 1.webp.webp
Img 7972

Удар од гром во авион може да се смета за „невообичаена околност” и да биде оправдана причина за големо задоцнување на лет, оцени денеска Судот на правдата на Европската Унија.

Ваквата пресудата е донесена по тужба на патник против австриската авиокомпанија „Аустриан Ерлајнс“, поради доцнење на авион што го удрил гром во март 2022 година. Тужителот, кој наведува дека со летот на „Аустриан“ во Лондон пристигнал со задоцнување од над 13 часа, претходно пред суд во Австрија поднел тужба против авиокомпанијата поради тоа што одбила да му исплати отштета за доцнењето. Австрискиот суд ја одбил тужбата со образложение дека причина за доцнењето на авионот бил „невообичаена околност”.


Согласно европското законодавство, авикомпаниите се должни да им исплатат обештетувања на патниците поради откажувања на летови или големи задоцнувања, но тие се ослободени од ваквата обврска доколку причина за откажувањето или доцнењето се невообичаени околности.

Судот во Луксембург оцени дека ударот од гром претставува невообичаена околност затоа што бара задолжителни безбедносни проверки што резултира со доцнење на авионот. Според Судот, поимот „необични околности” е вклучен во европското законодавство доколку временските услови оневозможат услови за летање, вклучувајќи ја и опасноста од удар од гром.

– По ударот од гром авионот мора да биде подложен на задолжителни безбедносни проверки, што не е дел од вообичаените активности на авиокомпаниите, оцени Судот.

Претходно, австриски Суд одбивајќи ја тужбата оцени дека „штетата од ударот на гром била невообичаена околност“, која „Аустриан“ не можела да го планира или контролира.

Меѓутоа, тужителот смета дека ударот од гром не претставува „невообичаена околност“, како и дека компанијата „не ги презела сите потребни мерки“ за да му овозможи побрзо да стигне во Лондон. Тужителот, тврди дека според редот на летање, требало да слета на лондонскиот аеродром „Хитроу“ пред 18:30 часот, а тој пристигнал следниот ден по 8:00 часот.

Случајот се однесува на лет од Јаши до Виена од 8 март 2022 година, кога, нешто по 14 часот, кусо по полетувањето, авионот бил удрен од гром. По инцидентот, авионот се вратил на аеродромот во Јаши каде било утврдено дека ударот на громот предизвикал оштетување на техничката опрема и тој не е безбеден за летање. Поради тоа, „Аустриан“ испратила нов авион, кој полетал од Јаши вечерта во 22:25 часот.

Можете да прочитате

Тинејџер од Македонија повторно осомничен за терористички планови во Австрија

Трамп вели дека ќе се сретне со Путин во Унгарија за разговори за Украина по „многу продуктивниот“ телефонски разговор

Путин го предупредил Трамп за испраќањето ракети „Томахавк“ во Украина