Утрински Весник
Македонија

Учество на министерот Муцунски на вториот министерски состанок на балканската платформа за мир во Истанбул

615346080 1469624331835309 7006049406675237531 n.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре, на покана на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, ќе учествува на вториот министерски состанок на балканската платформа за мир, кој ќе се одржи во Истанбул. На состанокот е предвидено учество на министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан.

Балканската платформа за мир е иницијатива покрената од министерот Фидан во 2025 година, со цел да придонесе за регионалниот мир, стабилност и благосостојба, преку заеднички пристап во изнаоѓање регионални решенија за регионалните прашања. Првиот министерски состанок во рамки на оваа иницијатива се одржа во јули минатата година, исто така во Истанбул.

Министерот Муцунски ќе се обрати на состанокот, при што се очекува да ги адресира клучните прашања поврзани со регионалната соработка и заложбите за побрза интеграција во Европската Унија, со акцент на економскиот развој, транспортната поврзаност, енергетиката, дигитализацијата, како и образованието и младите.

На маргините на состанокот е предвидено министерот Муцунски да оствари и одвоена билатерална средба со министерот Фидан, на која, покрај прашањата од доменот на билатералната соработка, ќе се разговара и за регионалните состојби и актуелните глобални предизвици.

Можете да прочитате

Почина бабата која беше претепана од својот внук во Битола

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче треба да знае дека проблемот не се медиумите, ниту ВМРО-ДПМНЕ, туку неговиот и криминалот на Заев

Министерот Хоџа се сретна со првиот човек на ЕБРД: Забрзување на клучните еколошки инфраструктурни проекти