Утрински Весник
Македонија

Учество на МЕП Муртезани на ЕУСАИР Форум во Крит

Foto Orhan Murtezani.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, ќе ја предводи делегацијата на Република Северна Македонија на Форумот на ЕУ Стратегијата за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), кој во рамки на грчкото претседавање, од 5 до 7 мај 2025 год. ќе се одржи на Крит, Грција.

MK Summit

Северна Македонија официјално ќе го преземе претседавањето со Јадранско-јонската иницијатива од Грција, за првпат откако земјата стана дел од овие формати за регионална соработка. Покрај церемонијата на примопредавање, Министерот Муртезани ќе учествува и на Панелот на министри за фондови на ЕУ и на Министерскиот состанок, како дел од пошироката агенда на Форумот посветена на зајакнување на регионалната соработка, поврзаност и интеграција во Јадранско-јонскиот регион.


Претседателството на Северна Македонија со ЕУСАИР и Јадранско-јонската иницијатива започнува на 1 јуни 2025 год. и ќе трае една година

Можете да прочитате

Разбиено злосторничко здружување во ЕСМ – Договори местени за 7,6 милиони евра

Нов модел на специјализации, темелно се менува пристапот за креирање медицински кадар

Николоски и Мисајловски на работна посета во Република Унгарија