Српскиот ученик кој уби врсници во училиште бил пријавуван за врсничко насилство, српскиот министер за образование одговори потврдно. Според него, ученикот Коста Кецмановиќ, бил и во минатото бил пријавен дека нападнал лице на кое му нанел расекотини на устата. Ова се случило во приватно училиште за глума, па постапката била запрена.
Министерката за здравство на Србија посочи дека можеби е крајно време да се внимава на менталното здравје а не само на физичкото, кај децата.
Засега случајот со масакрот нема добиено правна квалификација. За тоа треба да одлучи српското Обвинителство.
„Станува збор за малолетно дете кое според сите изјави е примерен ученик и кое немало забележани психички или други проблеми што би укажале на тоа“, рече шефот на белградската полиција.