Утрински Весник
Македонија

Учениците од „Јосип Броз – Тито“ се вратија на настава, лажна била и денешната дојава за бомба

Учениците од „Јосип Броз – Тито“ се вратија на настава, лажна била и денешната дојава за бомба

Гимназијата „Јосип Броз – Тито“ ја продолжи наставата која беше прекината во текот на првиот час, по дојава за бомба. Полицијата направи проверки и дозволи учениците, кои чекаа на улицата спроти училиштето, да се вратат на настава.

dobivaj vesti na viber

Утрово МВР извести дека закани за бомби пријавиле вкупно 15 училишта. Во сите се прават проверки.

„Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 15 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, соопшти МВР.

Закани за бомби школите добиваат веќе трет месец, а од минатата недела дојави почнаа да добиваат и други институции, згради и трговски центри.

Вчера премиерот Димитар Ковачевски изјави дека е скоро невозможно да се открие од каде доаѓаат дојавите за бомби.

Тој и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во повеќе наврати досега изјави дека бомбите се дел од хибридни напади кои имаат цел да се вознемири земјата.

Можете да прочитате

Мицкоски: Жално е што во 21 век во ЕП на талибански начин се оспоруваат македонскиот идентитет и јазик

Oтворен генерален конзулат на Албанија во Струга

Обвинение против поранешниот директор на КПУ Затвор Скопје и седум полициски службеници