Утрински Весник
Магазин

Ученици се натпреваруваа кој е најдобар раскажувач на книги

Viber Image 2024 06 20 10 34 54 991.jpeg

Раскажувањето е супер моќ која се развива со читање книги и со соодветна поддршка од возрасните прераснува во ораторска алатка која ги подготвува најмладите за идни лидери.

Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ и годинава ги собра најдобрите раскажувачи од основните училишта во земјава на супер финален натпревар кој се одржа на Правниот факултет „Јустинијан Први” – Скопје. 

На натпреварот во раскажување приказни учествуваа ученици во две категории – од 3 до 5 одделение и од 6 до 9 одделение. Секој пријавен натпреварувач имаше на располагање бесплатна онлајн обука за јавен говор. Со учество во натпреварувањето, децата се квалификуваат за запишување во Академијата за идни лидери „Ѓорѓи Марјановиќ”, која целосно е бесплатна. 

Можете да прочитате

Костадинов ќе стане татко – го очекуваат синот Никола

Синчето на Борко Ристовски најде 500 евра во маркет – мајката Нина го бара сопственикот

Бугати направи велосипед – поскап е од нов семеен автомобил