Утрински Весник
Македонија

Убиство во гостиварско: Жител на Дебреше смртно застрелан

Lenta Policija 4 1.jpg

Помлад жител на гостиварското село Дебреше попладнево бил застрелан од огнено оружје и починал од здобиените повреди. Од СВР Тетово потврдија дека кај нив има таква пријава и полициски службеници се на терен и според првичните сознанија, станува збор за убиство.

За случајот ќе има повеќе информации откако ќе завршат увидот и прибирањето на траги и материјали кои треба да помогнат во расветлување на настанот.

Можете да прочитате

Скандал: Го згрижиле бебето на 16 дена, по седум месеци им го зеле и го дале на посвојување во друго семејство

Собранието изгласа двојно повисок праг за набавки без тендер

Тошковски најави дигитализација во МВР