Утрински Весник
Балкан

Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска

Hrvatska Policzija.jpg

Во Бјеловар, Хрватска во семејна куќа се пронајдени две починати и едно тешко повредено лице, кое е префрлено во болница. Најверојатно се работи за насилна смрт, а според неофицијални информации, мажот ја убил мајката на неговата жена, а се обидел да ја убие и сопругата која е тешко повредена.

Напаѓачот, според првичните инфрормации се самоубил.

Хрватската полиција засега не ги потврдува неофицијалните информации дека се работи за убиство и самоубиство.

Полицијата дојавата ја добила околу 10 часот, а на местото се врши увид.

Можете да прочитате

Грција претстави систем за дигитални апликации за проверка на возраста на купувачите на тутун и алкохол

Вучиќ: Од утре дизелот реално ќе чини 250 динари

Грчката полиција разби криминална организација на Крит за работна експлоатација на државјани на трети земји