
Војната меѓу САД и Израел од една и Иран од друга страна не се смирува и кон крајот на втората недела.
Најновите извептаи потврдија дека еден француски војник загинал во воздушен напад врз базата Ербил во Ирак.
„Овој напад врз нашите сили вклучени во борбата против ДАЕШ од 2015 година е неприфатлив“, рече Макрон, користејќи го локалното име за екстремистичката група Исламска држава.
„Присуството на француски војници во Ирак е строго во рамките на борбата против тероризмот. Војната во Иран не може да ги оправда ваквите напади.“
Не е познато од каде дошло дронот или кој го испукал. Француската војска претходно соопшти дека најмалку шест војници се повредени, а еден од нив подоцна починал.
Дополнително, над небото над Ирак соборен бил американски авион за полнење гориво со шестчлена посада.
„Инцидентот се случил во пријателски воздушен простор за време на операцијата „Епски бес“, се вели во соопштението, користејќи го военото име за американската операција против Иран. Американскиот функционер, зборувајќи под услов да остане анонимен, рече дека другиот авион вклучен во инцидентот бил исто така KC-135 и дека во оној што се урна имало дури шест војници.
Исламскиот отпор во Ирак, група вооружени фракции поддржани од Иран, ја презеде одговорноста за соборувањето на американскиот воен авион за полнење гориво. Групата во соопштението наведува дека го соборила авионот KC-135 „во одбрана на суверенитетот и воздушниот простор“.


