Утрински Весник
Свет

„Убиецот од Сиднеј таргетирал жени“: откриени детали од крвавото дивеење во кое загинаа 6 лица, а 12 беа повредени

Sidnej 830x0 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Напаѓачот кој во саботата уби шест и повреди 12 лица со нож во трговски центар во Сиднеј, а подоцна беше застрелан од полицијата, имал за цел жени, изјави полицискиот комесар на Нов Јужен Велс, Карен Веб.

„Снимката зборува сама за себе, нели? Очигледно е, и на детективите им е очигледно дека се чини дека криминалецот таргетирал жени, а избегнувал мажи“, рече таа во гостувањето на веб-страницата на телевизијата ABC.

„Не знаеме што се случува во умот на сторителот, па затоа е важно детективите сега да ги интервјуираат оние кои го познавале и кои биле блиски до него, за да можеме да добиеме увид во тоа што тој размислувал“, објасни Веб.

Вооружен маж во саботата уби шест и повреди 12 лица во трговски центар во австралиската држава Нов Јужен Велс, а полицијата подоцна истиот ден соопшти дека напаѓачот боледувал од шизофренија од мала возраст.

Можете да прочитате

Шест лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Полска

САД им забранија влез на пет европски функционери

Зеленски го објави мировниот план од 20 точки