Утрински Весник
Спорт

Убелив пораз на МЗТ Скопје и од Задар

Убелив пораз на МЗТ Скопје и од Задар

МЗТ Скопје Аеродром загуби со 98-79 на гостувањето кај Задар во дуелот од 11. коло во кошаркарската АБА лига со што врза три последовни пораза, има вкупно осум и е на последното место на табелата во регионалното натпреварување.

dobivaj vesti na viber

Домашниот состав не му даде никаква шанса на нашиот претставник. Се реши во првото полувреме кога по само пет минути успеа да направи двоцифрена предност.

Првата четвртина заврши со предност на домаќините од 29-16, кои продолжија да доминираат и во текот на втората четвртина, на одмор заминувајќи со преубедливи 57-35.

Во вториот дел Задар само продолжи да ја зголемува предноста и уверливо дојде до триумфот.

Миќовиќ беше најефикасен во МЗТ Скопје со 22 поени, 18 постигна Војдан, а 11 Дамјан Стојановски. Целосно потфрлија Американците, Кефи постигна три поени со шут 1/5 и четири загубени топки, додека Вер дебитираше со катастрофален шут 1/11 за само три постигнати поени.

Во следното коло, МЗТ ќе игра против еден од ривалите од дното на табелата, Сплит. дуелот е закажан за на 22. декември.

Можете да прочитате

Попева и Рустемовски најуспешни македонски спортисти за 2025 година

Селекторот на Сенегал суспендиран пет натпревари за инцидентите во финалето на Африканскиот куп

Министерството за спорт додели 500 стипендии „Спортска надеж“