Утрински Весник
Спорт

Убедливи победи на Њукасл и на Вест Хем

Убедливи победи на Њукасл и на Вест Хем

Њукасл го декласира Тотенхем на „Сент Џејмс Парк“ со 6:1 и се зацврсти на позициите кои водат во Лигата на шампионите. Сите дилеми беа решени по дваесетина минути, откако Њукасл имаше фуриозен старт и поведе со 5:0. Двоен стрелец беше Џејкоб Марфи, погоди Жоелинтон, а потоа и Александер Исак постигна два гола.

dobivaj vesti na viber



Во вториот дел, Хари Кејн намали на 5:1, а Калум Вилсон го постави конечниот резултат на овој меч.

Вест Хем исто така беше убедлив на госит против Борнмут и победи со 0:4. Микаел Антонио го отвори резултатот, Лукас Пакета беше стрелец на вториот гол, а до крајот на првиот дел погоди и Деклан Рајс. Во второто полувреме Форналс го потврди триумфот.



Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина