Утрински Весник
Спорт

Убедлив старт на Македонија: Грозданова и соиграчките со нови три бода

Whatsapp image 2025 12 01 at 14.16.15.jpeg

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години продолжи со одличните настапи на квалификацискиот турнир за Европското првенство на УЕФА, забележувајќи две убедливи победи.

Во првото коло од групата Б5, нашите фудбалерки ја совладаа Грузија со 3-0. Емили Митковска во 32. минута го отвори резултатот, а Меланија Грозданова ја удвои предноста само пет минути по почетокот на второто полувреме. Калина Попоески во 82. минута го постави конечниот резултат. Македонскиот тим имаше 13 удари кон противничкиот гол и покажа доминација на теренот.

Во вториот натпревар, репрезентацијата ја победи и селекцијата на Азербејџан со 3-1. Калина Попоски го отвори резултатот во 19. минута, а Теона Галабовска зголеми на 2-0 од пенал во 27. минута и го постигна третиот погодок во 49. минута. Гостинскиот тим успеа само да намали преку Јуругова во 35. минута, без да ја загрози конечната победа на нашата селекција.

Со овие две победи, македонската репрезентација покажува сигурна игра и голема амбиција за пласман на Европското првенство, а Меланија Грозданова се издвојува како еден од клучните играчи на тимот.

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет