Македонскиот кошаркарски претставник во втората АБА2 лига, скопски ТФТ останува на претпоследното место, по вечерашниот осмиот пораз во деветтото коло во регионалното натпреварување. На турнирот во Нови Сад, ТФТ убедливо е поразен од Спартак Суботица (93:64), тим кој е кандидат за освојување на првото место и пласман во најсилната АБА лига. ТФТ се држеше во првата четвртина и резултаски беше рамноправен во воведните 10 минути (20:20), по што тимот од Суботица ја презеде контролата на играта и резултатот до самиот крај. Српскиот тим стигна до девет поени предност на полувреме и од тука ја најави својата доминација, па на крајот оствари и многу лесна победа со резултат 93:64. Во лошото издание на македонскиот претставник, Луис со 15 поени беше најефикасен во таборот на ТФТ, додека Николов заврши со 12 поени.