Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром немаа сили да направат изненадување на тешкото гостување во Љубљана против Цедевита Олимпија. На крајот загубија со 93:73. Сепак, јасно беше дека домаќинот е фаворит на овој дуел.
МЗТ Скопје добро ја одигра првата четвртина и ја добија со 18:19, но потоа словенечкиот тим нагази и на полувреме замина со осум поени предност (44:36).
Мечот беше решен во третиот пероод кога разликата стана двоцифрена во корист на Цедевита Олимпија.
Мичовиќ беше најефикасен кај МЗТ Скопје Аеродром со 25 поени и седум скока, а Војдан Стојановски уфрли 11 поени.
Кај победникот, Ален Омиќ постигна 19 кошеви.