Утрински Весник
Македонија

Љубе Бошкоски: По 11 години во затвори, од секаде излегов како победник

Љубе Бошкоски: По 11 години во затвори, од секаде излегов како победник

Лидерот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски, по ослободителната пресуда за случајот „Кампања“, порача дека е единствениот на балканските простори кој поминал 11 години низ повеќе затвори, а излегол како победник. Прашан дали ќе побара оштета од државата, бидејќи сега е ослободен, тој рече: „Тоа сега е непримерно“.

dobivaj vesti na viber

„Сведоци бевте за уште една во низата ослободителни пресуди коисе донесоа. Ова ми е седма ослободителна пресуда, од двете хашки до денес. Имав неколку осудителни пресуди кои завршија како ослободителни пресуди. Од денес па натака во мојот живот сум можеби единствениот човек на балканските простории, кој помина 11 години во домашните и меѓународните затвори од секаде излегов како победник“, кажа Бошкоски.

Прашан дали ќе бара парична оштета од државата, Бошкоски рече: „Времето не може никој да го врати, тоа е минато време. Ги охрабрувам македонските судови и судии при одлучувањето да ги земаат во предвид сите докази, а не да влегува политиката во судниците. Денеска бевме сведоци дека во сиот период бев изложен на полициско-политичко монтирани процеси кои завршија со победа на правдата“.

Тој останува во политиката.

„Се надевам дека уште можам да допридонесам за Македонија посебно кога знам дека зад мене немам товар кој може да ме оптеретува мене и мојата партија“, додаде Бошкоски.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор