Утрински Весник
Балкан

Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

20241124193347 Big 730x400 30.webp.webp

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека е уапсена 13. осомничена за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград.

– Вишото јавно обвинителство во Нови Сад ја информира јавноста дека е уапсена и приведен тринаесеттиот осомничен Ј.С.М., која на денот на апсењето не била достапна за органите на прогонот, а која е опфатена во Наредбата за постапување од истрагата, поради основи на сомнение дека сторила кривично дело Тешко дело против општата сигурност од член 288 став 2 од Кривичниот законик во врска со кривичното дело Непрописно и неправилно извршување градежни работи, се наведува во соопштението на Вишото јавно обвинителство.

Вишиот суд во Нови Сад и одреди притвор до 30 дена на уапсената Ј.С.М.

На 23 ноември, Вишиот суд во Нови Сад им одреди притвор до 30 дена на министерот за градежништво Весиќ и на поранешниот директор на Железничката инфраструктура на Србија, Небојша Шурлан.

Весиќ штрајкува со глад над 60 часа, но неговиот живот не е во опасност.

Можете да прочитате

Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор

Семејно насилство во Белград: ја злоставувал мајка си, па и држел нож на грло

Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби дека го претставува Белград